Поврзете се со нас

Репрезентација

Гроздановски: Moжеме да ја изненадиме Франција

Објавено

на

Македонската репрезентација до 21 година го заврши првиот предизвик во овој ноемврски квалификациски „прозорец“ во кој одигра нерешено против Украина (1-1), но веќе за неколку дена не очекува уште поголем тест против лидерот во групата селекцијата на Франција.

Тоа е дуел кој на 16 ноември се игра на Националната арена „Тодор Проески”  од 18:30 часот и во истиот „триколорите“ ќе влезат како апсолутни фаворити, но Томче Гроздановски верува дека со добра, пожртвувана и квалитетна игра можеме да направиме изненадување.

-Атмосферата во тимот е на високо ниво, тука во репрезентацијата сите фукнционираме како еден тим, тоа се гледа и на самите натпревари. Што се однесува до дуелот со Украина, одигравме квалитетен натпревар, особено во второто полувреме против силен противник со извонредно технички потковани играчи. Натпреварот го започнавме во грч, бевме повлечени, трчавме многу, но не успеавме да наметнеме своја игра, ја препуштивме иницијативата на противникот. Но, во вториот дуел одигравме многу послободно, агресивно и отворено, а на крајот имавме можност и да ги освоиме трите бода, но немавме среќа.

-Мислите комплетно ги насочивме кон дуелот со Франција, селекција која е топ фаворит во групата. Верувам во моите соиграчи и во оваа репрезентација, доколку одиграме онака како што од нас очекува селекторот, верувам дека можеме да ја изненадиме и Франција. Овој тим има квалитетни фудбалери и поседува голем потенцијал, -истакна Гроздановски кој ни донесе бод на дуелот со Украинците.

Македонија со 6 бода е на третото место во групата Х зад Украина и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни