Поврзете се со нас

Англија

Малерозното летно засилување на Јунајтед повторно во аут

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг денеска мораше да прави анализа на здравствениот билтен во Манчестер Јунајтед пред дербито со Арсенал, но на новинарите им откри низа важни информации поврзани за неделниот меч.

Холанѓанецот посочи дека најверојатно ќе може да смета на повратниците Бруно, Рашфорд и МекТоминеј, меѓутоа истовремено откри дека малерозното летно засилување повторно ќе биде во аут одреден период.

Мејсон Маунт не крена глава во првата сезона како член на Јунајтед и поради тоа многумина го оценуваат неговиот трансфер како катастрофален, но Тен Хаг ги смирува фановите и тврди дека англискиот репрезентативец ќе биде важен играч за „ѓаволите“ во иднина.

– За жал, Маунт почувствува проблем на вчерашниот тренинг и нема да стигне навреме за мечот со Арсенал. Станува збор за помал проблем, не е нешто сериозно. Не е во аут до крајот на сезоната, мислам дека ќе може да ни помогне на крајот. Ќе биде во аут неколку дена и потоа се враќа.

– Арсенал сигурно го пропушта, мечот со Њукасл во среда ќе биде доста блиску, па најверојатно ќе биде способен да игра против Брајтон во завршното коло. Оваа сезона е случајност, претходно играше многу во Челси и имаше проблеми само последната сезона. Има лоша среќа и тој е навистина добар фудбалер. Навистина ни недостасуваше цела сезона, со него сигурно ќе бевме на друго ниво, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни