Поврзете се со нас

Шпанија

Реал Мадрид ја наполни мрежата на Гранада (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Новиот шпански шампион Реал Мадрид оствари убедлива победа на гостувањето кај Гранада (0:4) и ја продолжи позитивната резултатска серија и со комбиниран состав.

Гранада не можеше да им се спротивстави на расположените гости, а тие ја започнаа серијата со голот на Гарсија во 38. минута од средбата.

До крајот на полувремето реализираше и Арда Ѓулер и го најави епилогот на оваа средба, за во продолжението да издоминира Брахим Диаз.

Диаз погоди во 49 и 59. минута за 0:4, резултат кој остана до крајот на средбата и ја потврди доминацијата на Реал кој има 15 бодови повеќе од Џирона.

Гранада остана без теоретски шанси за обезбедување опстанок во Ла Лига уште пред почетокот на натпреварот и следната сезона ќе игра во понизок ранг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни