Поврзете се со нас

Англија

Чалета Цар доби црвен картон, двајца играчи на Њукасл му се смееја во лице (Видео)

Објавено

на

Саумтептон го загуби првиот дуел против Њукасл во полуфиналето на Карабао Купот, но во поразот од 0:1, најисмеван домашен фудбалер беше Чалета Цар.

Хрватскиот дефанзивец самиот се погрижи да не игра на реванш натпреварот на „Ст. Џејмс парк“ со добиениот втор жолт картон во 86-та минута, но она што привлече внимание е реакцијата на противниците.

Бруно Гимараеш веднаш дотрча и му се смееше во лице на дефанзивецот за добиениот црвен картон, но тука не застанаа провокациите од противничкиот табор.

Уште подрзок беше Џејкоб Марфи, кој саркастично му мавташе на Чалета Цар додека овој го напушташе теренот на „Ст. Мери“ стадионот.

Реванш средбата меѓу овие два тима се игра наредната седмица на 31-ви јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни