Поврзете се со нас

АТП

Алкарас за тоа што значи победата над Ѓоковиќ: Никогаш нема да го заборавам ова, да се добие Ноле…

Објавено

на

foto:twitter.com/Wimbledon

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас го освои вториот грен слем во кариерата и тоа откако на Вимблдон направи изненадување и го совлада Новак Ѓоковиќ со 3-2 во сетови.

Алкарас иако има само 20 години покажа карактер, знаење, умешност, ментална сила и по една битка која траеше скоро пет часа го совлада Ѓоковиќ во Лондон и на тој начин ја прекина неговата доминација на турнирот. Тоа дефинитивно не е мала работа и поради тоа Карлос е исклучително горд, среќен…

-Ова го направив за мене, не за тениската генерација. Беше прекрасно. Да го победам Новак на неговиот врв, во оваа фаза, да испишеш историја, да го победиш по десет години непобедливост на овој терен, тоа е одлично за мене. Нешто што никогаш нема да го заборавам, тоа е сигурно. Како што кажав, убаво е и за новата генерација, им покажав дека тоа е можно самите да го направат, -рече Шпанецот кој воедно беше запрашан што мисли за зборовите, комплиментите на Ноле за тоа дека тој е спој од него, Рожер Федерер и Рафаел Надал.

-Лудо е што Новак кажа нешто такво, искрено. Сепак, се сметам себеси за комплетен играч. Имам добри удари, физичка сила, доволно ментално силен за овие ситуации. Не знам. Веројатно е во право, но јас не би сакал да размислувам за тоа. Ќе мислам дека сум само Карлос Алкарас, но можно е да имам нешто одлично од секој играч, -истакна рекетот од Мурсија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни