Поврзете се со нас

Лига Европа

Ван Анхолт со луда провокација до Гендузи: Смири се, или ќе ти ја тргнам периката од глава! (Видео)

Објавено

на

Матео Гендузи вчера доби повик од Дидие Дешамп за француската фудбалска репрезентација, добра вест која сепак не успеа да ја материјализира со посакувана победа на теренот.

Неговиот Марсеј вчера играше против Галатасарај во Лигата на Европа, а токму младиот играч за врска се најде во центарот на вниманието и ја предизвика мешаницата на десетина минути пред крајот.

Гендузи падна во противничкиот шеснаесетник во 76-та минута по дуелот со Ван Анхолт и бараше пенал, но иако првично се чинеше дека ќе му биде исполнета желбата, по ВАР прегледот, судијата Павел Рачковски процени дека нема елементи за најстрога казна.

Французинот влезе во конфликт со судијата и бараше објаснувања, но настана и мешаница во која се вклучија повеќе фудбалери. Ван Анхолт и Гендузи го довршија натпреварот со постојани кошкања и провокации, а холандскиот репрезентативец продолжи во идентичен стил и на социјалните мрежи.

– Барањето ВАР со отворена уста покажа дека не си во право…. Обиди се да се смириш, пред да ти ја тргнам периката од главата…. Секоја чест за моите лавови, – порача Ван Анхолт по ремито на Галатасарај во Франција (0:0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни