Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг потврди: Роналдо одби да влезе во игра, мораше да има последици!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед со една доминатна партија го доби дербито со Тотенхем, но наместо да се збори за тоа изминативе денови во фокусот на вниманието е потегот на Кристијано Роналдо кој предвреме се упати во соблекувалните на „Олд Трафорд“.

Многу критики доби Португалецот за тој негов потег, а потоа и стигна казната од самиот клуб, менаџерот Ерик Тен Хаг кој го острани од првата екипа, односно тој нема да биде во комбинација за дуелот со Челси.

Останува да се види до кога ќе важи казната за Кристијано, но она што загрижува е што не му е ваков прв потег сезонава, плус згора на се тој одбил да влезе во игра против Тотенхем, информација која ја потврди тренерот на „црвените ѓаволи“.

-Можам да потврдам дека Роналдо одби да игра против Тотенхем. Мораше да има последици. Тоа е важно за ставот и менталитетот на групата. Деталите се меѓу мене и Кристијано. Изјавата е исто така јасна, тој останува важен играч во тимот.

-Јас сум одговорен за културата, морам да ги поставам стандардите и вредностите. Фудбалот е тимски спорт. Мора да поставите одредени стандарди, -рече Ерик и додаде:

-Роналдо е отстранет од тимот бидејќи тоа ќе има одраз за него, но и за сите. Првиот пат со Рајо не беше прифатлив, но тој не беше еденствен. Вториот пат има последици, -порача јасно и гласно Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни