Поврзете се со нас

ВТА

Тан по сензацијата на Вимблдон: Се плашев од Серена, мислев ќе освојам…

Објавено

на

Хармони Тан од Франција е тенисерката која го одбележа вчерашниот ден на Вимблдон, а причината за тоа е победата над славната Серена Вилијамс.

Големата грен слем шампионка (23) беше апсолутна фаворитка против Тан без разлика на тоа што ова е беше прв меч по подолга пауза, но Американката тој статус не го оправда или подобро наиде на расположена противничка која со 7-5, 1-6, 7-6 (10-7) дојде до најголемата победа во својата кариера.

Французинката е 113 на ВТА листата и едноставно немала големи очекувања во битката со Серана на која и се воодушевувала како дете.

-Многу емоции. Серена е суперѕвезда и кога бев млада ја гледав многупати на ТВ. За мојот прв Вимблдон, ова е вау, само вау. Кога ја видов ждрепката навистина се исплашив. Бидејќи тоа е Серена Вилијамс, таа е легенда. Мислев дека ако можам да освојам еден или два гејмови, ова е навистина добро за мене, -истакна Тан по големиот триумф кој ќе го памети до крајот на својот живот.

Серена доживеа експресна елиминација на Вимблдон, па порача: Тоа е прашање на кое не можам да одговорам

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни