Поврзете се со нас

ВТА

Серена доживеа експресна елиминација на Вимблдон, па порача: Тоа е прашање на кое не можам да одговорам

Објавено

на

Серена Вилијамс по долга пауза се врати на терените и тоа на еден од турнирите каде низ својата кариера имаше фантастични успеси-Вимблдон.

Меѓутоа тој нејзин кам-бек заврши со изненадувачки пораз од Хармони Тан од Франција која по нешто повеќеод три часа борба славеше со 3-1 во сетови. Овој резултат донесе очекувани прашања за Американката и нејзината иднина во тенисот со оглед на тоа што веќе влезе во петтата деценија од животот, па притсната од медиумите порача:

-Како што претходно кажав, мојот план е само за сега, да видам како се чувствувам, од таму ќе тргнам, -рече Серена која беше запрашана дали ова е нејзиниот последен настап во Лондон.

-Тоа е прашање на кое не можам да одговорам. Не знам. Кој знае? Кој знае каде ќе се појавам. Дефинитивно има многу мотивација да се игра подобро и дома (Ју-Ес Опен). Добро поминав физички. Последните неколку поени навистина страдав. Ако играте од недела во недела, ќе има малку поголема цврстина во натпреварот, -истакна помладата од сестрите Вилијамс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни