Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез доби и друга одговорност во Атлетико: Во Барселона не можев да го правам ова покрај Лео (Видео)

Објавено

на

Луис Суарез продолжи да „решета“ како прв напаѓач на Атлетико Мадрид, па покрај тоа што е најдобар стрелец во Примера со 14 погодоци, на вчерашниот натпревар со Кадиз постигна гол каков што долго време немавме видено од него.

Популарниот „Ел Пистолеро“ постигна мајсторски гол од слободен удар и ова беше прв гол за него од прекин како член на Атлетико, тим кој вчера успеа да го победи Кадиз со 2:4 на гостувањето, дуел на кој Суарез погоди и од белата точка.

По натпреварот, Суарез не пропушти да нагласи дека навистина уживал во голот кој го постигна од слободен удар, нешто со што се наврати низ годините кога знаеше да воодушеви од прекин како голгетер на Ливерпул.

– Бев долго време во Барселона, а бидејќи Лео Меси е таму, јас не ги изведував слободните удари и не можев да го правам ова. Сепак, во Ливерпул имав постигнато неколку гола од слободен, а исто така и во репрезентацијата.

– Сега добивам повеќе шанси за изведување и се обидувам максимално да го искористам тоа. Интересно е тоа што на последниот тренинг пред мечот со Кадиз вежбавме слободни удари и очигледно тоа се исплатеше, – изјави Суарез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни