Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Срамно однесување: Караско промаши пенал, Бакер му се внесе во лице и го провоцираше (ВИДЕО)

Објавено

на

Атлетико Мадрид не успеа да слави над Баер Леверкузен (2-2) и со тоа доживеа елиминација од Лигата на шампионите.

Шпанскиот претставник имаше „зицер“ за триумф на „Ванда Метрополитано“, пенал досуден длабоко во судиското продолжение со помош на ВАР и тоа откако судијата Турпан прво отсвири крај на натпреварот.

Караско ја презема одговорноста, меѓутоа не го совлада Храдецки по што имаше уште неколку обиди на домаќините, погодена пречка, односно топката едноставно не сакаше да влезе во гол.

Луд финиш: Атлетико доби пенал по крајот на дуелот, Храдецки го стопираше Караско (Видео)

Откако се расчисти оваа ситуација бурна реакција имаа играчите на Леверкузен од кои во фокусот беше Бакер кој му се внесе во лице на Караско и го провоцираше, па мора да му се честита на Белгиецот за тоа како остане смирен.

Да се работеше да играч од Балканот или Јужна Америка ситуацијата дефинитивно ќе беше поинаква.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни