Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Луд финиш: Атлетико доби пенал по крајот на дуелот, Храдецки го стопираше Караско (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид два пати израмнуваше против Баер Леверкузен, а на крајот испушти голема шанса да стигне до победата во дуелот од Лигата на шампионите.

Диаби и Хадсон-Одои погодуваа за гостите, додека Караско и Де Паул израмнија за шпанскиот состав, а вистинска драма се случи во финишот.

Судијата Турпан досуди крај на средбата, но им порача на фудбалерите дека има проверка во ВАР собата, за на крајот да ја прегледа снимката и да досуди пенал за домаќините.

Караско доби шанса да донесе победа за Атлетико, но Храдецки му го одбрани ударот, а од одбиената топка беше погодена и гредата.

Ремито значеше дека Атлетико остана без шанса да се пласира во нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни