Поврзете се со нас

Шпанија

Дијаз со атрактивен погодок ја најави победата на Реал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/relevo

Реал Мадрид со сигурен триумф над Кадиз од 3-0 се загреа за престојниот реванш со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ со фуриозно второ полувреме дојдоа до 27. триумф во Примера со што се уште поблиску до официјално освојување на титулата.

Новата победа на лидерот беше најавена од Дијаз со убав, атрактивен погодок во 51 минута.

Потоа се беше полесно за фаворитот кој во 68 минута преку нововлезениот Белингем ја зголеми предноста на 2-0. Овој резултат беше активен до 93 минута кога по акцијата во режија на Начо и Хоселу, напаѓачот ја затреса мрежата за крај на „Сантијаго Бернабеу“.

Сега Реал има 14 бода повеќе од второпласираната Барселона која допрва ќе го одигра каталонското дерби со Џирона.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни