Поврзете се со нас

Шах

Со новите препораки на ЕКУ расчистени дилемите за повеќе првенства!

Објавено

на

Европската шаховска унија (ЕКУ) соопшти дека на состанокот на управниот одбор од 27 јуни (одржан по пат на телеконференција) биле донесени повеќе одлуки кои ќе влијаат на шаховските активности предвидени од претходно.

Имено, откако претходно донесе препораки за рестартирање на шаховските активности на крајот од минатиот месец, ЕКУ сега соопшти дека сите активности до септември 2020 година се откажани, а посочени се три манифестации кои ЕКУ ќе ги поддржи во подготовките за организација, но нивното одржување е категорично нагласено дека е во одговорност на организаторите. Тоа е Европскиот клупски куп (шаховската Лига на шампиони), како и поединечните европски првенства за сениори (жени и „опен“). Наведено е дека помошта на ЕКУ ќе се состои во специјални протоколи , специјални услови издејствувани кај земјите организатори за организација на овие настани кои се од интерес за професионалните шахисти, а во тоа се вклучени и патнички олеснувања.

За Европското првенство во забрзано и брзо темпо кое требаше да се одржи во Нови Сад во декември, ќе биде донесена одлука во септември, кога ќе се скенира тогашната здравствена ситуација и отвореноста на границите низ светот.

По прашање на Европското младинско првенство што беше на програмата за ноември 2020 година, ЕКУ е децидна дека смета оти „такво натпреварување не треба да се случува во стресни и специјални околности за децата учесници“, дополнувајќи дека за ваков масовен настан кој што инволвира стотици деца и родители потребни се добри подготовки како и претходно рано обезбедени патнички аранжмани, што сега не е возможно за многу земји и национални федерации. Затоа, ЕКУ дава препорака до Турската шаховска федерација целиот настан да биде поместен за 2021 година. Во објавата на официјалната веб страна, ЕКУ дополнува дека и сите други натпреварувања кои не се случиле во 2020 година, да бидат трансферирани за 2021 и 2022 година.

Истовремено, ЕКУ соопшти дека организатор на Европското поединечно првенство за сенири во 2021 година се доделува на Исланд, во период од 7-21 април, што е термин кога редовно се одржува годишниот турнир Рејкјавик Опен.

Воедно, направен е чекор за одржување на европски првенства од пониска категорија (екипно млади и корпоративни), при што секој тим ќе мора да настапува од просторија во која ќе има судии определени од националната федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни