Поврзете се со нас

Свет

Шоуто на Димитријевиќ: Нено „испука“ 18 поени во последната четвртина и му пресуди на Зенит (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ имаше фантастична серија против Зенит и беше меѓу најзаслужните што неговиот Уникс Казан успеа да слави со 4-3 во полуфиналето, односно се избори за пресметки со Локомотив Кубан за пехарот во ВТБ лигата.

Димитријевиќ блескаше, Уникс преку драма се избори за финале во ВТБ лигата

Мајсторската меѓу Уникс и Зенит донесе голема драма која ја реши Хантер со едно од двете погодени слободни фрлања во последната секунди, но за да се дојде до тоа клучна улога одигра Нено кој „испука“ дури 18 кошеви во последниот период.

Домаќините во тој период дадоа 28, па може сосема да се каже дека Димитирјевиќ имаше симултанката која беше одбележана од ВТБ лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни