Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ блескаше, Уникс преку драма се избори за финале во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан избори пласман во големото финале на ВТБ лигата и тоа откако во мајсторката славеа над Зенит со 80-79.

Седмиот полуфинален меч се играше во Казан, а на истиот домаќините дојдоа преку драма во која Хантер погоди едно од двете слободни фрлања во последната секунда.

Средбата низ сите 40 минути донесе голема борба, надигрување, одлучуваа нијанси кои овојпат беа на страната на избраниците на Перасовиќ кои со вкупно 4-3 излегоа како победници и ќе се соочат со Локомотив Кубан во битката за титулата.

Нашиот репрезентативец Димитријевиќ блескаше и беше прв стрелец со 24 поени на кои додаде 2 скока, 6 асистенции и 3 украднеи топки. Мејкон додаде 16, Хандер 11, а Рејнолдс 10 кошеви.

Кај поразените Ертел имаше фантастичен дабл дабл од 23 кошеви и 11 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни