Поврзете се со нас

Англија

Саха нема дилеми кој ќе биде шампион и како ќе изгледа топ четири на крајот на сезоната

Објавено

на

Луис Саха како амбасадор на „Пади Пауер“ традиционално прави анализи преку оваа букмејкерска компанија, но сега направи исклучок и направи интервју за „Метро“ во кое призна дека го променил мислењето за топ четири пласманот во Премиер лигата.

Поранешниот француски напаѓач пред неколку месеци го гледаше Њукасл како сигурен патник во Лигата на шампионите наредната сезона, но сега смета дека тимот на Антонио Конте ќе опстои во топ четири и покрај сите неконстантни изданија оваа сезона.

Всушност, Саха смета дека топ четири на крајот на сезоната ќе изледа исто како и сега, односно Арсенал ќе биде шампион, Манчестер Сити втор, Манчестер Јунајтед трет, а Тотенхем на четвртата позиција.

– Притисокот во битката за титулата секако е кај Арсенал, но јас се уште гледам на нив како на фаворити. Манчестер Сити има повеќе искуство и ќе се обиде да ја одбрани титулата, но за мене Арсенал ќе остане прв. Им се враќа и Жезус и ќе им помогне во ширината на составот.

– Топ четири поредокот ќе остане како што е сега. Пред два месеци сметав дека Њукасл ќе фати топ четири и тоа беше логично. Но…… Премиер лигата е маратон, се троши многу енергија и тешко е да останете константен. Се чини дека Њукасл не може да се носи со интензитетот во моментов и изгледаат исрцпено. Јунајтед лесно ќе обезбеди топ четири, а четврти ќе биде Тотенхем, – смета Саха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни