Поврзете се со нас

Светски првенства

Озил знае зошто Франција не ја одбрани шампионската титула во големото финале (Фото)

Објавено

на

Француската фудбалска репрезентација двапати се враќаше од работ на бездната, а иако беше блиску да ја одбрани светската титула, на крајот не успеа во таквата намера.

Откако се врати од 2:0 и од 3:2, Коло Муани во 123-та минута не реализираше зицер за победа од 4:3, односно Дибу Мартинез го неутрализираше со неверојатна интервенција.

На крајот, Французите беа полоши изведувачи на пенали и загубија од Аргентинците, кои по трет пат во својата историја ја освоија „Златната Божица“.

Лео Меси и пријателите со денови ќе го слават големиот триумф остварен во Катар, но додека се уште се чека официјална изјава од некој член од францускиот тим, Месут Озил си даде за право да посочи зошто „триколорите“ не ја освоија светската титула.

– Го нема Бензема, нема забава…., – кратко порача Озил, јасно критикувајќи го потегот на Дешамп да не го повика Карим за завршната фаза од мундијалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни