Поврзете се со нас

НБА

Ослабениот Бостон немаше одговор за тандемот Адетокумбо-Холидеј

Објавено

на

Милвоки и Бостон го оправдаа дерби статусот на меѓусебното соочување во НБА, а по едно продолжение на победата и се радуваше домашниоот тим.

Бакс славеа со 131:125 откако се снајдоа подобро во дополнителните минути, а инспиратори на победата беа Адетокумбо и Холидеј.

Грчкиот „ѕвер“ реализирал 36, додека Холидеј стигнал до 40 поени, ефект на тандемот кој бил доволен за победа, пред се поради фактот што на Бостон му недостасуваше речиси целата стартна петорка.

Без Тејтум, Браун, Смарт и Хорфорд, Селтикс не можеа да сторат нешто повеќе, но остануваат со една победа повеќе од Милвоки.

На другите натпревари:
Торонто-Орландо 123:113
Феникс-Сакраменто 120:109
Л.А Клиперс-Голден Стејт 134:124
Портланд-Вашингтон 101:126

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни