Поврзете се со нас

Формула 1

Несопирливиот Хамилтон го „прелета“ и Ферстапен и стигна до голема победа во Бразил (Видео)

Објавено

на

Луис Хамилтон презентираше несопривливо темпо на вчерашната спринт трка и напредуваше 15 места, а нешто слично направи и денеска на главната трка во Бразил.

Актуелниот светски првак ја намали предноста во генералниот пласман и успеа да стигне до првото место на трката на Интерлагос, без оглед на тоа што стартуваше десетти поради двете казни кои ги заработи овој натпреварувачки викенд.

Хамилтон брзо ги реши ривалите уште во воведот од трката, а пред него потоа останаа само двата болиди на Ред Бул, но и за нив имаше решение.

Сосема очекувано, најмногу време загуби со Макс Ферстапен, но сепак успеа да го мине и лидерот во генералниот пласман во својот втор обид.

Ферстапен со агресивна одбрана најпрво го одби нападот на Хамилтон во 49-от круг, но потоа веќе не можеше да се брани откако стана јасно дека Мерцедесот на Хамилтон е далеку побрз.

Доминацијата до крајот беше изразена со предност од десет секунди, по што Ферстапен сега има позитива од 14 бодови во генералниот пласман. Трет заврши Ботас, а во бодовите уште се најдоа Перез, Леклер, Сајнц, Гасли, Окон, Алонсо и Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни