Поврзете се со нас

СЕХА лига

Недановски: Ротацијата е проблем, но овие момци го оставија срцето на терен

Објавено

на

Екипата на Вардар не успеа во својот дом да дојде до пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата, односно по една вистинска драма доживеа пораз од Нексе по ударите од седум метри.

Вардарци беа во минус во најголем дел од натпреварот, но го пратеа ривалот на чекор и на крајот поведоа двапати, имаа напад и за триумф, меѓутоа истиот не беше искористен по што се изведуваа пенали во кои гостите од Нашице подобро се снајдоа и одат во Задар.

-Честитки до противникот за победета, заслужено ќе играат на Ф4 во Задар. Нексе е добар тим кого лани двапати не успеавме да го добиеме. Проблем ни е ротацијата, пред се во одбраната. Тажен сум што нема да играме во Задар, иако имавме голема желба за играме на заврпниот турнир, но сепак загубивме на пеналите кои се лотарија. Докажавме дека имаме карактер и може да играме против сериозни тимови, како Нексе кој пред два месеци играше на Ф4-турнирот во Европската лига.

-Им честитам на моите играчи за борбата, го оставија срцето на терен. Со работа овие момци можат да бидат носители на играта на Вардар, -порача тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски.

Драма во Скопје: Нексе подобро шутираше пенали, Вардар нема да игра на Ф4 во Задар

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни