Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје е нерешлива енигма за Еуро Никел

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа над Еуро Никел со 81-67 во дербито на 14. коло во првата македонска лига.

Ова за клубот од Аеродром е нова победа над клубот од Кавадарци кого лани го совлада во финалната плејоф серија за пехарот, а го доби и во првата првенствена битка во актуелнава кампања.

„Штрковите“ иако настапија некомплетни го надиграа ривалот во „Јане Сандански“, ривал од кого беа подобри во три од четирите четвртини и сосема заслужено се израдуваа на 11. триумф во шампионатот. Крстевски со 17 поени беше прв стрелец, Дејвис и Рикиќ уфрлија по 14, додека Милошевиќ запиша дабл-дабл од 10 поени и 11 скокови.

Кај актуелниот вицешампион Калахан со 14 поени беше најефикасен играч.

ТФТ повторно подобар од Куманово, Гостивар во победнички ритам

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни