Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ повторно подобар од Куманово, Гостивар во победнички ритам

Објавено

на

Кошаркарите на ТФТ издвојува победа над Куманово и во втората сезонска пресметка во првата македонска лига.

Скопскиот состав овојпат беше подобар со 109-100 во средбата која се одигра во СРЦ „Кале“. Ова беше натпревар во кој едноставно одбраните не фукционираа, а во таа ситуација подобро се снајдоа избраниците на Смилковски.

Хортон со 26 и Смит со 20 поени беше први стрелци, а добра поддршка беа Костоски и Николов кои искомбинираа 30 кошеви. Кај поразените најефикасен беше искусниот Зивчевиќ со 24 поени на кои додаде 8 скокови и 6 асистенции.

Гостивар дојде до четвртото славје во низа и тоа против вториот тим на МЗТ Скопје со резултат 106-85. Домашниот тренер Јончевски им даде шанса на сите играчи, Ефремовски беше најрасположен за игра со уфрлени 26 поени.

Академија ФМП пак му одржа лекција на Кожув и го совлада со 92-64.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни