Поврзете се со нас

Македонија

МВП Димовски: Ако поработиме уште една недела……

Објавено

на

Ванчо Димовски беше задолжен за најголемото шоу на теренот за време на ревијалниот меч кој вчера се одигра во „Борис Трајковски“, бидејќи со приредената „шрауба“ ги фрли во транс сите присутни на трибините.

Легендарниот кружен напаѓач покажа дека се уште поседува магија во рацете и со својата акробација потсети на најдобрите времиња, а на крајот од мечот, сосема заслужено го доби и признанието за МВП.

Гол за ерупција на „Борис Трајковски“: Страшната шрауба „во режија“ на Ванчо Димовски (ВИДЕО)

Димовски се врати на ракометниот терен после долга пауза и тоа што го прикажа беше навистина солидно, па затоа низ смеа го коментираше сето она што го доживеа пред преполната сала.

– Убаво беше, неочекувано убаво. Не знаевме на што ќе личиме, излезе дека не сме така лоши. Да поработиме уште една недела, ќе има материјал и кај нас постарите. Има кој да трча и се уште постои квалитетот.

– Малку сум изненаден, поминаа години, а ми изгледа како да било сето ова во скоро време. Нависитна беше убаво, јас така видов на сето ова од моја перспектива. Како да застанало времето, тука беа Киро, Наумче, Жути, Бранк, Раде, изгледаше како да сме биле заедно до пред скоро време, – изјави Димовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни