Поврзете се со нас

Македонија

Гол за ерупција на „Борис Трајковски“: Страшната шрауба „во режија“ на Ванчо Димовски (ВИДЕО)

Објавено

на

Ракометна и спортска Македонија вечерва уживаше во спектаклот што се одигра на паркетот во СЦ „Борис Трајковски“, во кој видовме надигрување на актуелните репрезентативци и оние кои со години даваа се од себе ракометот да стане спорт број еден во нашата земја.

За играч на натпреварот беше избран „пензионерот“ Ванчо Димовски кој во првото полувреме имаше еден вонсериски погодок со кој ја збесна публиката.

Потегот на Димовски, кој со шрауба од девет метри успеа да го матира Мартин Томовски, беше награден со искрен аплауз и овации од публиката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни