Поврзете се со нас

Македонија

Спектаклот во „Борис Трајковски“ им припадна на помладите: надежите подобри од легендите!

Објавено

на

Актуелната репрезентација на Македонија славеше над селекцијата на ветераните во ракометниот спектакл кој оваа вечер беше на програмата во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Иако настанот имаше карактер на хуманитарен, тој претставуваше одлична можност за голем број играчи што ја имале привилегијата да играат во државниот дрес да се збогуваат пред македонската публика со специјален настап, па така во редовите на „легендите“ имаше место за голем број играчи кои придонесоа за успесите во минатата декада.

Салата беше исполнета до последно место, пред 6000 луѓе младите славеа над ветераните со 25-21. Ова беше дуел кој донесе атрактивен ракомет, мајстории, шрауби, цепелини со што на најдобар начин беше заокружено ова шоу во кое видовме многу познати асови на едно место.

Се играа две полувремиња по 20 минути, првото заврши без победник 12-12, додека во вториот дел актуелните репрезентативци беа подобри, наметнаа темпо и издвојуваа триумф.

За МВП на мечот беше прогласен Ванчо Димовски кој даде фантастичен гол го првото полувреме.

Сите средства кои беа собрани ќе бидат донирани во СОС Детско село.

Настанот протече во перфектна организација од страна на РФМ, а во спектаклот учествуваа голем број естрадни ѕвезди како Александар Митевски, Драган Спасов – Дац, Кики, но и групите Некст Тајм и Меморија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни