Англија
Премиерлигашка легенда: Фергусон ми се јавуваше секоја недела за да му се приклучам во Манчестер
Џон Тери многумина го паметат како симбол за еден клуб бидејќи најголем дел од кариерата ја мина во Челси, но сепак легендарниот стопер своето фудбалско патување го почна на друг крај од Лондон, или поточно во Вест Хем.
Тери во младинските категории беше дел од Вест Хем и уште тогаш беше најавен како голем потенцијал, меѓутоа беше јасно дека истиот ќе дојде до израз ако се пресели во поголем премиерлигашки клуб.
Џон го избра Челси и направи вистински потег, иако сега открива дека Манчестер Јунајтед и Арсенал биле во подобри стартни позиции на стартот на преговорите.
– Бев дел од академијата на Вест Хем и тоа го правев две или три години. Еден ден дознав дека тренерот ќе си оди, а бидејќи бев приврзан за него, му порачав на мојот татко дека не сакам да играм повеќе за тој тим.
– Една година бев на проба во Аррсенал и во тој период бирав меѓу Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челси. Арсенал и Јунајтед ми постелија црвен тепих, додека Челси не правеше ништо. Сепак, на крајот завршив во Челси, а уште при првиот ден имав чувство како да сум дома. Веднаш знаев дека тоа е клуб во кој можам да минам 20 години. Пред да се одлучам за тоа, Сер Алекс Фергусон ми се јавуваше секоја недела, го проверуваше татко ми дали одам редовно во училиште и на тренинзи, – открива Тери.
-
Лига на шампионипред 20 часа
Капело ја детектираше најголемата грешка на Луис Енрике и двајцата најслаби играчи на ПСЖ
-
Лига на шампионипред 10 часа
Винисиус Жуниор: Ова е Реал Мадрид, ние секогаш веруваме!
-
Шпанијапред 23 часа
Реал Мадрид два пати ќе го добие пехарот за освоената Ла Лига
-
Лига на шампионипред 10 часа
Уште една волшебна ноќ на „Бернабеу“: Реал со голем пресврт до билет за финалето во ЛШ (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 13 часа
Фиорентина втора година по ред ќе игра во финалето на Конференциската Лига (ВИДЕО)
-
НБАпред 7 часа
Јокиќ стигна до третото МВП признание во НБА лигата
-
Лига на шампионипред 13 часа
Анчелоти и Тухел одбраа, ова се почетните состави за битката во Мадрид (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Аузилио: Постигнавме договор за Леао…