Поврзете се со нас

Англија

Пад во најлош период: Ливерпул заборави да победува и полека се простува од титулата во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул забележа драстичен пад во формата во најлош можен период, па ако за многумина беше мал инцидент поразот од Аталанта на домашен терен, се покажа дека истиот е почеток на една многу лоша серија.

Тимот на Јирген Клоп заборави да победува во месец април и самиот си пресуди во Лига Европа, а по се изгледа останува и без минималните шанси за титула во Премиер лигата.

Ремито со Манчестер Јунајтед, поразите од Кристал Палас и Евертон беа три непосакувани резултати во низа, но денеска тимот на Клоп повторно не победи и сега постои само теорија за трофеј во домашното првенство.

Вест Хем уште еднаш му зема мерка на германскиот стручњак и го разочара во Лондон, бидејќи „чеканите“ најпрво поведоа, а потоа се изборија за реми од кое најнезадоволен ќе биде Клоп.

Јирген ги измеша картите и почна без Салах и Дарвин, но и покрај тоа на резултат 0:0, Дијаз ја имаше најдобрата шанса за гол. Колумбиецот ја погоди рамката од голот, па така следеше казна на спротивната страна и Вест Хем поведе преку Боуен за 1:0.

Ливерпул реагираше во вториот дел и се избори за пресврт со два гола (Робертсон и автогол на Ареола), но тоа не беше доволно за победа, бидејќи Антонио израмни на 2:2 и го постави конечниот резултат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни