Поврзете се со нас

Шпанија

Кубо се пожали, Чуамени му одговори како Анчелоти: Ова нема да им го судат во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Таке Кубо ја помина фудбалската школа на Реал Мадрид и прерасна во вистинска ѕвезда откако се пресели во Реал Сосиедад, а поради партиите кои ги нуди во Баскија, Јапонецот е на радарот на фудбалски великани како Ливерпул.

Поранешниот играч на Реал вчера постигна гол против својот поранешен клуб и се израдува на погодок за 1:1, но истиот беше поништен од ВАР поради прекршок на Чуамени во зачетокот на акцијата.

Оваа акција не изгледаше воопшто спорна на повторените снимки, но Кубо не е убеден дека контатктот бил доволен за да се досуди фаул за Реал.

– Баренечеа ќе ја одземеше топката и се што можам да кажам е дека играчот на Реал „заспа“ во оваа акција. Не знам што ќе се случи во Лигата на шампионите, но мислам дека не би суделе ваков фаул во Европа, – изјави Таке Кубо, изјава со која предизвика реакција од Орелијан Чуамени.

Интересно, Французинот тоа го направи преку социјалните мрежи, односно испрати емотикон со кој ја имитираше познатата гримаса на Карло Анчелоти, со која јасно алудира на тоа дека не се согласува со гледиштето на Јапонецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни