Поврзете се со нас

Свет

Меси го изведе најлошиот слободен удар во кариерата, Интер Мајами испадна од ЛШ (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси се врати во вистински момент за реванш четвртфиналето во КОНКАКАФ Лигата на шампиони, но американскиот тим вторпат во низа загуби од мексикански Монтереј.

Тимот во кој главна ѕвезда е Серхио Каналес уште еднаш беше поуспешен од МЛС претставникот во кој има голем број големи имиња, а Интер Мајами вторпат го положи оружјето, овојпат и со Лео Меси во стартниот тим.

Монтереј поведе со 3:0 и вкупниот резултат беше 5:1 до самата завршница, кога гостите постигнаа почесен гол за конечни 3:1 и 5:2 преку Гомез.

Асистент на овој гол беше Лео Меси, кој слично како своите соиграчи, немаше своја најдобра вечер и го изведе и најлошиот слободен удар во својата кариера.

Меси биеше амбициозно и силно од голема далечина, но топката не заврши ниту блиску до голот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни