Поврзете се со нас

Свет

Мекиќ со двоцифрен учинок во славјето над Дубровник

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkzadar

Македонскиот репрезентативец, Адем Мекиќ продолжува да ја користи шансата која ја добива во дресот на Задар во хрватскиот шампионат каде запиша уште една двоцифрена партија, овојпат во пресметката со Дубровник.

Домаќините беа сигурно, доминантни и победија со 98:59 за „девет од девет“, поточно продолжување на перфектната серија на резултати.

Меѓу четворицата играчи на Задар кои реализираа +10 поени беше Мекиќ кој се најде во стартната петорка и за 29 минути на паркетот реализираше 12 поени (1/2 за еден, 4/4 за два, 1/4 за три) со 6 скокови, 1 асистенција и 4 украдени топки. Лакиќ и Јамбровиќ беа најефикасни со по 18 кошеви.

Задар во следното коло се соочува со Динамо Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни