Поврзете се со нас

Свет

Лапорта постави нов критериум за амбициозниот проект на Флорентино: Мора да има меритократија

Објавено

на

Жоан Лапорта го поддржува проектот Суперлига и верува дека може да се направи пандан на Лигата на шампионите, но нагласува дека Флорентино Перез и Андреа Ањели треба да ја променат формулата и систематскиот изглед на турнирот.

Првичниот план е најголемите клубови во Европа да имаат гарантирано учество во Суперлигата која се уште е активна идеја на Перез и Ањели, но Лапорта вели дека би вовел неколку промени, особено кога е во прашање вклучување на помали тимови кои заслужено би се избориле за влез во елитното друштво.

– Јас влегов во Суперлигата кога се веќе беше во понапредна фаза и само се вклучив во проектот. Мојот критериум беше следен: Да не правиме едно затворено првенство за најдобрите. Сакам да имаме отворена Суперлига, која ќе се води по меритократија. Да игра оној кој заслужи преку домашното првенство.

– За мене тоа е многу важно, јас верувам во секое национално првенство и ќе биде многу погрешно ако Суперлигата го отфрли тоа, ако ги отфрли тимовите кои заслужено се нашле најгоре.

– Пресметките меѓу најзвучните клубои во Европа, на крајот ќе не донесе до момент да се измориме. Сите ќе бидеме изморени ако играме постојано меѓу нас. Сите ние што го сакаме фудбалот, сакаме да има изненадувања, да видиме како помал тим победува поголем. Сите бевме воодушевени кога Грција го освои Европското првенство и кога Лестер ја освои Премиер лигата. Тоа е специјалното нешто во фудбалот, – потенцира Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни