Поврзете се со нас

АТП

Кирјос размислува за пензија: Не сакам повеќе да играм…

Објавено

на

Ник Кирјос е еден од тенисерите на кои им се предвидуваше блескава кариера, играч кој ги имаше и ги има сите карактерстики да биде на највисоко ниво, биде конкурентен за сите титули, но и тој како и некои други негови колеги докрај не ги оправда очекувањата.

Најголем успех му е финалето на Вимблдон, највисок пласман му е 13 место на АТП листата и полека размислува да се повлече од тенисот иако има само 28 години.

-Да беше до мене, ќе се пензионирав. Не сакам повеќе да играм, да бидам искрен. Ама морам, имам многу повеќе да дадам, -вели Ник кој се мачи со повреди.

-Исцрпен сум, уморен. Досега имав три операции. Имам само 28 години. Отсекогаш сакав да имам семејство и да не чувствувам болка. Кога ќе станам, не можам да одам без болка. Дури и да го освоев Вимблдон, луѓето ќе кажеа: „Сега повторно тоа направи го“. Тоа е таа трка во животот. Колку е доволно? Јас сум многу задоволен од мојот живот, имам повеќе од доволно за да уживам, -порача Кирјос.

Кирјос нема дилеми: Брат, Ѓоковиќ ќе го уништи, жив ќе го изеде

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни