Поврзете се со нас

АТП

Кирјос нема дилеми: Брат, Ѓоковиќ ќе го уништи, жив ќе го изеде

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Wimbledon

Ник Кирјос веќе некое време го нема на терените, но и покрај паузата тој секогаш е интересен за јавноста, фановите со своите коментари, ставови на одредени теми.

Австралиецот со грчко потекло секогаш има што да каже, порача, па така тој имаше можност да каже што би се случило кога би се соочиле тенисери од разчични ери. Тој ги спомена легендите како Пит Сампрас и Борис Бекер кои според него не би поминале добро во оваа нова ера особено ако на другата страна го имаат најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

-Играта беше бавна. Го гледав Борис Бекер и не велам дека не биле добри во своето време, но апсурдно е да се каже дека би биле исто толку добри и денеска. Брзиот сервис тогаш бил помеѓу 197 и 200 километри на час. Луѓето како мене постојано сервираат 220 и погодуваат агол. Сосема поинаква игра.

-Не велам дека нема да го најдат својот пат. Ама сервис и волеј,тоа да го играте треба да сервираш 220, бидејќи ако останеш под 220, брат, Ѓоковиќ жив ќе те изеде.

-Жив ќе те изеде. Брат, Лејтон Хјуит го уништи Пит Сампрас една година на Ју-Ес Опен. Тоа беше прототипот на некој кој знаеше да има добар ритерн. Направи Сампрас да изгледа како срање. Што би направил Ѓоковиќ против некој како Сампрас? Ќе го исчистеше. Ако Хјуит тоа правеше, Ѓоковиќ ќе го уништи. Ќе го изеде жив, -порачал Ник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни