Поврзете се со нас

Италија

Јувентус конечно го победи Лацио, деветтото Скудето е на дофат (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Јувентус излезе како победник од мечот со Лацио и направи голем чекор кон освојување на нова титула во Серија А, број девет во низа.

„Бјанконерите“ во третиот овосезонски дуел (3-1, 3-1 порази во Калчо и Супер Купот) конечно се израдуваат на славје против избраниците на Инѕаги и тоа славје во 2-1 со што сега на четири кола до крајот имаат осум бодови повеќе во однос на второпласираниот Интер.

Најзначајните возбудувања на натпреварот во Торино се случија во вториот дел, па така домаќините во периодот од 51 до 54 минута дадоа два гола преку Кристијано Роналдо. Прво Португалецот погоди од пенал кој беше досуден поради играње со рака од страна на Бастос. Во втората ситуација Кристијано ја искористи асистенцијата на Дибала и одново ја начна мрежата на гостите за голема предност.


Со ова напаѓачот дојде до два рекорди, прв играч кој успеал да даде најмалку 50 голови во Серија А, Премиер лига и Примера, плус стана фудбалер на кого му требале најмал број на мечеви да стигне до оваа бројка на погодоци во Италија.

Роналдо постави два нови рекорди

Лацио во самиот финиш се разбуди, Имобиле во 83 од пенал намали на 2-1 по што до крајот уште една голема шанса имаше Милинковиќ-Савиќ кој биеше мајсторски од слободен удар, ама голманот Шчесни со брилијатна одбрана спречи израмнување.

Лацијалите со овој пораз остануваат на 4 позиција на табелата зад Аталанта, Интер и Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни