Поврзете се со нас

Италија

Роналдо постави два нови рекорди

Објавено

на

Кристијано Роналдо со вечерашните погодоци во дербито со Лацио успеа да постави два нови рекорди.

Тој со денешната реализаиција стана првиот играч во историјата на фудбал кој успеал да постигне по 50 голови во Серија А, Примера и Премиер лигата. Португалецот за Манчестер Јунајтед даде 84 во Англија, во Реал застана на бројката од 311 погодоци за да сега стои отворена сметката во Калчото на 50+.

Кога се во прашање Топ 5 лигите во Европа сличен учинок како Кристијано има Един Џеко, ама Босанецот успеа ова да го направи во Бундеслигата, Премиер лигата и Серија А.

Воедно стана и фудбалер на кого му требале најмалку натпревари да дојде до бројката од 50 голови во Италија, односно 61 меч со што го мина Андриј Шевченко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни