Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски и Вашингтон Стејт забележаа нова победа во НЦAA лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Вашингтон Стејт на македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски забележа уште една победа во НЦAA лигата, петта во шестиот натпревар во новата сезона.

„Кугарс“ се изборија за славје над Истерн Вашингтон од 82:72. Андреј и компанија одиграа скоро две идентични полувремиња кога се во прашање постигнатите поени, првиот го реализираа со 40:32, вториот со 42:40.

Јакимовски немаше свој ден кога е во прашање шутот, ама на крајот сепак стигна до 11 поени. Тој погоди само 3 од 12 упатени удари (2/9 за три), собра 6 скока со 2 асистенции и 1 украдена топка. Најефикасен беше Рајс со 28 поени.

Нареден ривал на Вашингтон Стејт е Портланд Стејт и тоа на 2 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни