Поврзете се со нас

Италија

Италијански агент го нападна Мино Рајола за однесувањето на Балотели и на фудбалерот му порача: Време ти е…

Објавено

на

Агентот кој е познат на Апенинскиот полуостров како агент кој одлично работи со играчите кои не се ѕвезди, но кои успева да ги продаде во солидни клубови, Фурио Валчареги упати совет до бунтовникот, Марио Балотели.

Балотели ќе си замине од Бреша, а неодамна не му беше дозволено ниту да влезе во тренинг центарот на клубот.

Контроверзниот напаѓач ги премина границите кога не се појавил на тренинг, па од клубот решиле да му врачат отказ. Сега Балотели заедно со неговиот агент, Мино Рајола ќе мора да бара ново решение за продолжување на кариерата.

Сепак, Валчареги го посоветува Балотели воопшто да не разгледува други опции туку да стави крај на кариерата затоа што дефинитивно не може да го контролира неговото однесување.

– Да бидам искрен, би го донел Балотели минатата година. Но, од сегашна гледна точка, јасно е дека тој треба да прекине со активното играње фудбал.

– Мислам дека и Рајола треба да прифати одговорност затоа што не му помогна на Балотели да напредува. Наместо тоа, тој го презентираше него како голем шампион, а на крај во сите клубови резултатот беше засрамувачки, -изјави Валчареги.

Балотели освен во Бреша во својата кариера играше и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј, но никаде не остави силен впечаток.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни