Поврзете се со нас

Англија

Грилиш за атмоферата во соблекувалната во Сити: Беше многу тивко на полувреме…

Објавено

на

Манчестер Сити мораше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резулат во дуелот со Тотенхем, дуел на кој губеше со 2-0 по првите 45 минути.

Тоа беше резултат кој никој не го очекуваше на „Итихад“, па паднаа и свирежи од страна на домашните навивачи по што ситуацијата комплетно се проемни по паузата, фаворитот заигра поконретно, почна да ги користи шансите и со головите на Алварез, Халанд и Марез (2) дојде до значаен триумф од 4-2.

Гвардиола распали по играчите и навивачите на Сити по лудата победа над Тотенхем: Ни недостасуваат три важни нешта

Оваа победа треба да им помогне на „граѓаните“ да ја вратат самодовербата, да заиграат на повисоко ниво затоа што тоа им е потребно за да бидат конкуренти за пехари. Џек Грилиш беше еден од играчите кој го одигра целиот натпревар против „петлите“, а во интервјуто по дуелот откри каква била атмосферата на полувреме.

-Не беше најдобрата соблекувална на полувреме, беше тивко на почетокот. Менаџерот зборуваше со нас, нè охрабри и мислем дека бевме брилијантни во второ полувреме, -порача Џек.

Следен меч за Сити е против Вулверхемптон по што следува дербито со Арсенал во ФА Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни