Поврзете се со нас

Франција

Фудбалски генијалци: Комбинацијата меѓу Мбапе и Меси предизвика ерупција во Париз (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Големото дерби меѓу ПСЖ и Ленс доби навистина едносмерен тек уште во првото полувреме, бидејќи невнимателниот потег на Самед резултираше со црвен картон и исклучување уште во 19-та минута.

Тимот на Кристоф Галтие доминираше и до овој момент, но после тоа, потполна ја презема контролата и со страшен притисок успеа да постигне три гола во мрежата на гостинскиот голман до крајот на полувремето.

Килијан Мбапе го отвори резултатот, Витиња со силен шут зголеми на 2:0, на најубавиот момент беше резервиран за 40-та минута, кога на сцена стапија двајцата фудбалски генијалци.

Лионел Меси ја задржа топката во еден продор, успеа да одигра двојно додавање со својот соиграч, а Мбапе изведе магија која направи овој гол да биде навистина специјален.

Французинот совршено го проигра Аргентинецот со „штикла“, а овој не погреши и на бравурозен начин ја заврши неверојатната акција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни