Поврзете се со нас

Свет

Богдановиќ: Сакав да му спуштам слушалка на Ѓоковиќ кога ми се јави за прославата

Објавено

на

Богдан Богдановиќ како капитен на предводеше Србија на кошаркарскиот мундијал и „орлите“ се вратија во Белград со освоено сребро, но интересно, прославата во српската престолина беше групна и дел од неа беа и баскетџиите и најдобриот светски тенисер.

Новак Ѓоковиќ доби чест да биде дел од прославата поради освоената рекордна грен слем титула во Њујорк, а сега Богдановиќ открива дека Ноле навистина побарал дозвола за да биде дел од кошаркарската дружина.

Капитенот на Србите открива дека Ѓоковиќ е пример за тоа како треба да се однесува еден професионалец, но поради прашањето кое му го поставил, дури сакал и да му ја спушти слушалката.

– Пречекот во Белград беше неверојатен, но се започна со повикот кој го добив од Новак…. Ме праша „капитене, може ли да ви се придружам?“. Тој е едноставно таков, сакав да му ја спуштам слушалката……

– Беше неверојатно и незаборавно, тој се расплака на балконот, најверојатно ќе се расплачевме и ние ако освоевме злато. Беше убаво, мислам дека испративме добра порака за младите, им дадовме мотивација за тоа како треба да се борат за грбот на државата.

– Што се однесува до Ѓоковиќ, тој е неверојатен, тој е инспирација за сите. Кога гледате како се фокусира на кариерата, сфаќате дека вие можете да дадете повеќе. Кога мислите дека давате 100 посто од себе, погледнете го Новак и ќе видите дека тоа не е 100 посто. Најдобрата страна на спортот е кога имате на кој да гледате како пример, – вели Богдановиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни