Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Најдобар на светот? Се знае кој е број еден

Објавено

на

Карлос Алкарас е топ тема во светот на тенисот, а причината за тоа се неговите фантастични партии и освоени титули во оваа календарска година.

Тој триумфираше во Рио Де Жанеиро, Мајами, Барселона и Мадрид каде до титулата стигна победувајќи ги Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев. Шпанецот доби многу комплименти во ваквите успеси, а Зверев дури порача дека во моментов тој е најдобриот тенисер на светот.

На Карлос секако му е драго поради се што се случува, ама не се смета за број еден на светот.

-Не, навистина не мислам така. За мене најдобар на светот е тој што е на првата позиција. Тој играч го заслужува тоа признание. Сега Ѓоковиќ е прв, а јас шести. За тоа ми остануваат да напредувам уште пет места, -вели тинејџерот кој цели кон грен слем пехар до крајот на годината.

-Секако дека тоа е мојата цел. Победата во Мадрид ми даде голема самодоверба пред Ролан гарос. Сакам да освојам еден грен слем сезонава и се надевам дека ќе успеам во Париз. Имав многу тешка недела во Мадрид – потрошив многу енергија, легнував доцна поради возбудата. Знам колку се трудевме јас и мојот тим, ми помина низ глава кога Зверев направи двојна сервис грешка и кога стана јасно дека ја освоив титулата, истакнува Алкараз за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни