Поврзете се со нас

Англија

Агбонлахор застана во одбрана на Хаман и го закачи Клоп: Тој пука под притисок, се однесува како…

Објавено

на

Јирген Клоп се соочува со доста проблеми во Ливерпул во оваа сезона, многу играчи се повредени, играчите се под ниво и сето тоа носи нервоза, па така германскиот стратег реши да се пресметува со оние кои не мислат исто како него или во случајот се закачи со Дитмар Хаман.

Хаман посочи дека гледа први значи за крај на една ера во Ливерпул, а тоа не му се допадна на Клоп кој беше многу дрзок во одговорот.

Клоп збесна и му одговори на својот сонародник: Нема поим што се случува во клубот (Видео)

Ова не му се допадна на поранешната ѕвезда на Астон Вила, Габи Агбонлахор кој реши да се вклучи во дискусијата и притоа го закачи предводникот на „црвените“.

-Мислам дека Клоп е како дрско дете. Хаман ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул, имаше фантастична кариера, ако не може да зборува за Ливерпул тогаш кој може? Дали само  Фаулер, Раш, Џерард, дали само одредени играчи можат да зборуваат за Ливерпул?

-Мислам дека малку ја губи својата искра Јирген Клоп, пука под притисок, -порача Габи кој и во минатото имаше одредена преписка со Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни