Поврзете се со нас

Англија

Клоп збесна и му одговори на својот сонародник: Нема поим што се случува во клубот (Видео)

Објавено

на

Диди Хаман беше прилично долг во својата последна анализа за „Ток Спорт“ и нагласи дека гледа први значи за крај на една ера во Ливерпул, став кој очигледно воопшто не му се допаднал на актуелниот менаџер на „црвените“.

Хаман како поранешен играч на Ливерпул си даде за право да предвиди разделба меѓу Ливерпул и Јирген Клоп доколку не дојде до промена на резултатите, но неполни 24 часа подоцна, доби жесток одговор од сонародникот.

Јирген Клоп доста нервозно и бесно возврати на изјавата на Хаман и саркастично го посочи како исклучително лош извор за извлекување информации, што јасно укажува на тоа дека е максимално незадоволен од јавните излагања на играчот кој беше седум години на „Енфилд Роуд“.

– Кој кажал дека немаме искра? Диди Хаман? Одлично, имате фантастични извори, некој што е навистина многу почитуван во јавноста….., – саркастично порача Клоп и додаде.

– Тоа што е поранешен играч на Ливерпул не дава за право да кажете што сакате, особено кога немате поим што се случува во клубот. Сметам дека Диди Хаман не заслужува да ми го поставите прашањето со таа фраза. Обидете се да ми поставите прашање без зборот „искра“, – порача лутиот Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни