Поврзете се со нас

АТП

Зверев распали откако загуби во финалето: Ова е вистински срам

Објавено

на

Александер Зверев доби вистинска тениска лекција од Карлос Алкарас во меч кој траеше само 62 минути, финале кое не ги оправда очекувањата со оглед на квалитетот кој го прикажаа двајцата во патот до завршниот меч.

Домашниот тенисер доминираше во секој поглед и со страшно издание победи со 6:3 и 6:1, но мора да се признае дека Зверев беше далеку под својот просек и најверојатно ја плати цената што играше доцна претходните два дена со Циципас и Оже Алиасим.

На хартија, Алкарас имаше многу потешка задача бидејќи ги победи Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но Саша се пожали за недоволен сон и распали по водечките луѓе на АТП и организаторите на турнирот во Мадрид.

– Работата која ја изврши АТП оваа седмица беше виситнски срам. Пред два дена останав буден до 4 и 30 часот по полноќ, а вчера си легнав дури во 5 часот наутро. Кога ќе имате две такви бурни ноќи, за нормална личност е тешко да биде активна наредниот ден. Карлос Алкарас е најдобар играч во светот во овој момент, а јас требаше да играм со него после такви две ноќи. Немав координација на теренот, кога го фрлав топчето за да сервирам, гледав двојно, ми се движеше сликата.

– Не сакам да го намалат трудот и заслугата на Алкарас, дури и да бев свеж, најверојатно ќе загубев од него. Но, ова го велам бидејќи така ќе пружев поголем отпор, ќе имаше подобар меч. Бев мртов на теренот, а играв против најдобриот тенисер во овој момент, – изјави Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни