Поврзете се со нас

Репрезентација

Зекири го знае „рецептот“ за победа над Естонија: Мораме да одиграме тимски…

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Естонија е прв ривал на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Ова е дуел кој се игра утре од 19:00 часот во СРЦ Кале, дуел во кој улогата на фаворите дефинитивно ќе ја имаат гостите кои имаат квалитетни играчи кои настапуваат во најдобрите натпреварувања на стариот континент.

Меѓутоа домашниот терен, поддршката од публиката може да биде клучна, па Лејсон Зекири се надева на позитивен резултат за нас.

-Очекувам победа на овој натпревар. Но за тоа ќе треба да одиграме тимски. Ако се случи тоа може да ги изненадиме, да ги победиме. Колку ќе играм јас, тоа зависи од селекторот. Јас сум спремен да дадам сè од себе во овој дрес за да ги направи горди сите.

-Овие денови за подготовки не се ниту многу, ниту малку. Тренираме по двапати на ден, што е добро, а во тимот има големи професионалци кои долго време играат заедно и сигурен сум дека сите ќе се воиграме и нема да имаме проблеми, -истакна Зекири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни