Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Втор пораз во втората БИБЛ рунда: ТФТ настрада на гостувањето во Израел

Објавено

на

ТФТ го претрпе и вториот пораз во втората рунда во БИБЛ лигата, откако по тесниот пораз од Берое на домашен терен, денеска немаше никаква шанса на гостувањето во Израел.

Домашниот Хапоел Гилбоа Галил се покажа како пресилен ривал за македонскиот претставник во регионалното натпреварување, бидејќи во денешната пресметка против ТФТ, уште во првата четвртина стана јасно кој ќе ги освои бодовите.

Гилбоа Галил демонстрираше доминација од самиот старт и го доби првиот период со 31:14 во ситуација кога домашните играчи имаа само четири промашувања, по што во наредните три четвртини, продолжи трендот на постепувано зголемување на предноста, која достигна и 30, но на крајот се заокружи на 26 поени разлика.

Израелскиот тим славеше со 94:68 и полека почна да ја оправдува фаворитската улога во мини групата во втората фаза во БИБЛ лигата, во која ТФТ го забележа и вториот неуспех.

Андерсон беше најдобар поединец во составот на ТФТ со 19 поени и 4 скока како единствен двоцифрен во македонскиот состав, а Бејли и Хортон реализираа по девет поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни