Поврзете се со нас

Формула 1

Вози кон нова титула: Ферстапен „згази“ и во Белгија за осма победа во низа (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Max33Verstappen

Макс Ферстапен ја продолжи својата доминација на Ф1 трките во оваа календарска година каде најновиот триумф дојде за Големата награда на Белгија.

Членот на Ред Бул е незапирлив во оваа сезона и најдобар доказ за тоа е што ова му беше осма победа во низа со што е се поблиску до нова титула или поточно одбрана на истата.

Холанѓанецот стартуваше како шести на денешната трка, меѓутоа тоа не му беше проблем и во свој стил се избори за нов подиум за кој место имаше и за клупскиот колега Серхио Перез, а радост за Ферари донесе Шарл Леклер.

Во првата десетка беа уште Хамилтон, Алонсо, Расел, Норис, Окон, Сторл и Цунода.

Ферстапен води во генералниот пласман со 314 бодови, втор е Перез со 189 по што следуваат Алонсо, Хамилтон, Леклер, Расел…

Тимски пак Ред Бул е недопирлив со 503 поени, додека вториот на листата Мерцедес има 247 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни