Поврзете се со нас

Македонија

Воска Спорт го претстави премиерното прволигашко засилување (Фото)

Објавено

на

Воска Спорт пред една година не успеа да се пласира во Првата македонска лига, но оваа сезона успешни измаршира во Втората лига и за првпат обезбеди место во елитата.

Клубот од Охрид е нов прволигаш во македонскиот фудбал и сигурно главна цел ќе биде да се биде надвор од опасната зона, па денеска беше претставено и првото засилување кое досега и онака играше во Првата лига.

Воска Спорт објави дека го ангажирала Фати Исмаили, фудбалер кој игра на стоперската позиција и кој преминува во Охрид од македонската престолнина.

Исмаили беше член на Работнички изминатава сезона, но од претходно е добро познат на мак-сцената и од деновите кога беше дел од шампионскиот тим на Шкупи.

Дефанзивецот е прво летно засилување за Воска Спорт за наредната сезона, во која тренер на првиот тим ќеќ биде Миљан Радовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни