Поврзете се со нас

Шпанија

Воодушевениот Белингам му се обрати на „Ел Класико“ јунакот на Реал со вулгарен коментар (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам повторно се најде на вистинско место на еден важен натпревар за Реал Мадрид, а првата сезона во Ла Лига сигурно најмногу ќе ја памети по одиграните натпреври против Барселона.

Англичанецот постигна два гола во пресвртот во Каталонија во првиот дел од сезонта, додека вчера постигна гол за победа и пресврт од 3:2 во супер возбудливата пресметка на „Бернабеу“.

Белингам го украде завршното шоу со голот кој го постигна, но дефинитивно јунак на „Ел Класико“ дербито беше Лукас Васкез, кој покрај постигнатиот гол, се избори и за пенал и на крајот му асистираше на Џуд.

Васкез сигурно немаше ни да биде на теренот доколку Карвахал беше подготвен за игра, па како неочекуван херој наиде на големи пофалби од јавноста, но и од своите соиграчи.

– Лукас Васкез, ти си еб.на легенда!, – гласи твитот на Џуд кој стана вирален.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни